Centar.mk
БИЗНИС

Трипуновски: Со добра стратегија производството на тутун се зголеми, тоа ќе се случи и со лозарството и пченицата

„За да го мериме успехот на Владата мораме да почекаме да помине една производна година и да ги споредиме производствените количини и капацитети со претходната година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„Јас ќе ви кажам еден пример каде што сме на вистински правец на движење, минатата година уште во техничка Влада, како технички министер се обидов да ја поткренеме цената на тутунот за да даде и државата дел на стимулации. Со компаниите јас лично разговарав и успеавме да ја поткренеме цената во самиот откуп“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека кога бил технички министер имало количини на тутун од околу 14-15 милиони килограми.

„Оваа година со таква стимулација ние имаме 24 милиони килограми тутун“, нагласи министерот.

„Кај тутунарите заедно со субвенцијата ќе влезат 198 милиони евра“, појасни тој.

Министерот посочи дека ако некогаш државата имала десеткувано производство на тутун од 15 милиони килограми, веќе се враќа на времињата кога некогаш имало 25 милиони килограми тутун. Со добра стратегија и количеството на грозје и пченица ќе се зголеми.

Можеби ќе ве интересира

Споделувајте по ваши правила со Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

C +

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ГРАТИС КЛИМА ИНВЕНТЕРИ: Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

ДЕСК