Centar.mk
СВЕТ

Роберт Фицо: Словачка нема да ги блокира одлуките на самитот на ЕУ доколку продолжи транзитот на гас преку Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека земјата нема да ги блокира конечните одлуки од самитот на ЕУ доколку дискусијата вклучи барање за решавање на обновувањето на транзитот на гас преку Украина.

„Мислам дека е разумно да се спомене потребата да се најде решение за обновување на транзитот на гас со учество на Европската комисија, Украина и Словачка. Доколку конечните одлуки вклучуваат таква формулација, немаме причина да не ги поддржиме“, рече Фицо на седницата на Комитетот за европски прашања пред да отпатува на самитот на ЕУ во Брисел, пренесе ТАСР.

Премиерот исто така призна дека некои членки на ЕУ можеби се против барањата на Словачка.

Toj истакна дека има земји што отворено сакаат војната да продолжи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК

ПОПУСТ ОД ЕДНА ТРЕТИНА НА ВОЗНИТЕ КАРТИ – Британија предлага законска заштита за ветераните и воениот персонал

ДЕСК

3,5 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ ЖИВЕАТ ВО КЛИМАТСКИ РАНЛИВИ ОБЛАСТИ – СЗО со нова иницијатива на COP31

ДЕСК