Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетен скопјанец доживал хорор: Му пишале преку лажен профил на девојка му, па на договореното место го киднапирале и пренеле во куќа, го тепале, му го одзеле телефонот и го објавиле на социјалните мрежи

На 05.03.2025 во 09.22 часот во СВР Скопје, К.Д.(35) од Скопје пријавила дека околу 04.00 часот, нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат. Како што е пријавено, откако отишол на договореното место, бил пресретнат од четири машки лица, од кои едниот го познавал, кои со употреба на сила го однеле во куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон.

Исто така, според пријавеното, настанот го снимале и објавиле на социјална мрежа, но набргу бил избришан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК