Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Обезбедивме грант од 2,4 милиони евра за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце. Македонија станува пример за регионален развој и соработка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу, денеска го потпишаа Договорот за инвестициски грант од 2, 4 милиони евра за проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце.

Договорт за грант е дел од инвестициониот пакет од 7,6 милиони евра за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија на Табановце.

Претходно Европската банка за обнова и развој за овој проект одобри заем од 5 милиони евра како и грант средства од 250 илјади евра.

Проектот предвидува изградба на нова заедничка зграда за потребите на Граничната полиција, Царина и инспекциски служби на Македонија и Србија, како и реновирање на постојните објекти во Табановце. Исто така предвидена е изградба и на нова патна и комунална инфраструктура.

“ Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија. На овој начин ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави, затоа што ќе имаме “ONE STOP SHOP”, покрај на патничкиот кога се патува со автомобили, автобуси и камиони, истото ќе биде и во железничкиот дел, кога се патува со воз. Се надевам дека ова ќе биде вовед кон повторно воспоставување на редовна патничка железничка линија помеѓу Скопје и Белград, за што се потребни секако напори од двете страни. Се работи за проект кој што е во вредност од вкупно 7,4 милиони евра во градежниот дел и 250.000 евра во делот на консултантски услуги и надзор. Сметаме дека еден од главните економски крвотоци на државата е токму Коридорот 10, кој што почнува на јужните пристаништа, на пристаништето Пиреа кај Атина и на солунското пристаниште и продолжува до Централна Европа, до државите како Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка и практично да се забрза движењето на добра и стоки во двата правци и за увоз во Европа, но исто така и за извоз од Европа. Ние се обидуваме во тој дел навистина да придонесеме, така што е големо задоволство, ова ќе значи нови работни места, зголемена економска активност и ова секако ќе значи побрз транзит на патници и стока низ нашата држава, што секако ќе ја направи уште поатрактивна” – истакна вицепремиерот Николоски.
Според планираната динамика, се очекува да оваа година да се избере изведувачот и да започне изградбата на заедничката железничка станица со придружните објекти и истата да се заврши во рок од две години.

На потпишувањето покрај Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на ЕБОР, се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +