Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Го подобривме социјалниот живот на пензионерите, Центар има најмногу пензионерски клуба

Градоначалникот Горан Герасимовски, утрово го посети пензионерскиот клуб „Роберт Гајдиќ“, кадешто се сретна со пензионерите и помина време во дружење и разговор за нивното секојдневие. Тие разговараа за проектите што Општина Центар ги спроведува за подобрување на животниот стандард на повозрасните сограѓани, како и за значењето на пензионерските клубови како место за социјализација и активен живот.

Герасимовски, истакна дека во Центар функционираат осум клубови кои претставуваат важен простор за дружење на сите пензионери, размена на искуства и ангажирање во разни активности.

„Овие клубови не само што им овозможуваат на повозрасните центарци да останат активни, туку и ја намалуваат нивната социјална изолација, создавајќи средина во која можат да градат нови пријателства и да учествуваат во едукативни и забавни содржини. Среќен сум што уште во првата година од мојот мандат во нашата општина отворивме три нови клуба за нашите повозрасни центарци. Грижата за пензионерите мора да биде приоритет на секоја општина. Тие се луѓето кои својот живот го вложиле во развојот на нашата држава, во наш личен развој да не изградат како одговорни индивидуи, и ние како локална самоуправа имаме обврска да им го подобриме секојдневието. Пензионерските клубови се место каде што тие можат да се дружат, да се рекреираат и да останат активни, ние продолжуваме да вложуваме во нив. Животот е убав во секоја доба“, рече Герасимовски.

Општина Центар останува посветена на поддршката на пензионерите, имплементирајќи проекти кои ќе придонесат за нивен поквалитетен и подостоинствен живот.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК