Centar.mk
СВЕТ

Папата Франциско тргнат од респиратор, состојбата му е стабилна

Папата Франциско е тргнат од респиратор и синоќа беше во стабилна состојба, соопшти Ватикан.

Според „Индипендент“, тоа било знак дека ги надминал можните компликации предизвикани од респираторната криза во петокот и дека дишењето му се подобрува за време на закрепнувањето од пневмонија.

Папата продолжува да добива дополнителен кислород со висок проток по проблемите со кашлањето во петокот, што ги зголеми стравувањата од нова инфекција на белите дробови.

Лекарите во извештајот доцна во неделата рекоа дека папата Франциско останал стабилен, но повторно укажаа на сложеноста на неговата севкупна состојба и ги задржаа прогнозите како претпазливи, што укажува дека тој сè уште не е надвор од животна опасност.

Папата се лекува во римската болница „Гемели“ од 14 февруари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОДОБРИ РЕКОРДНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА – Речиси 8 милијарди евра за Киев

ДЕСК

ЕУ УДРИ ПО РУСКИТЕ БАНКИ И ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ – Нови санкции против 113 лица и субјекти

ДЕСК

ЕУ СО НОВИ МЕРКИ ПРОТИВ САЈБЕРНАПАДИ И ДЕЗИНФОРМАЦИИ – Санкционирани лица и организации поврзани со Русија

ДЕСК