Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Одлука за продолжување на војната во Украина е донесена вчера во Лондон, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Да потсетиме, на самитот што се одржа вчера, на кој учествуваа лидери на деветнаесет земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.

„Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната“, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук. Тој потоа додаде дека ова е „лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.

На состанокот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа и канадскиот премиер Џастин Трудо и генералниот секретар на НАТО Марк Руте./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп тврди дека на САД не им е потребен Ормускиот теснец; Аналитичарите: Значајно влијае на инфлацијата таму

C +

Иранците слават победа

C +

Патниците од крузерот на кој избувна епидемијата на вирусот ќе бидат истоварени во Шпанија

C +