Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СВР Скопје со нови 98 полициски службеници ќе се грижи за безбедноста на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на СВР Скопје каде им врачи решенија на новите полициски службеници кои досега беа приправници и се распоредени во рамките на најголемиот сектор за внатрешни работи – Скопје.

„Деведесет и осум нови колешки и колеги ќе ја имаат честа да работата за безбедноста на своите граѓани во рамките на организациските единици кои ги покрива СВР Скопје. Им честитав уште еднаш на одлуката за избор на полициската професија, која е тешка, но пред се благородна мисија да работат за своите граѓани и безбедноста на својата татковина. Полициската професија не е само избор, не е само професија, туку повик, завет, кој секој еден млад полицаец го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина безбедни и сигурни, што се предуслови за напредокот и благосостојбата на една држава, едно општество.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски со раководството на МВР изразија поддршка во обезбедување на добри услови за работа, постојани едукации, ср со цел на исполнување на врвниот приоритет за кој постоиме како институција а тоа е обезбедување на безбедноста на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК