Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Промена на времето: Вечерва дожд, а викендов на места и снег

Денес, во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи.

И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд. В недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2) и дневните температури ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер, најави УХМР.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во Скопје денес кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта, ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни.

Утре, во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд, а повремени врнежи ќе има и в недела и ќе дува умерен северен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК