Centar.mk
БИЗНИС

Концесиите носат развој: Средба на министерката Божиновска со градоначалникот на Јегуновце

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и Државниот секретар Горан Јовановски, остварија работна посета на Општина Јегуновце, која со површина од 176,93 км² и население од над 8.000 жители, е значаен центар за експлоатација на минерални суровини. Во рамките на општината, неколку компании поседуваат концесии за експлоатација на минерални суровини, издадени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Овие концесии придонесуваат за локалниот економски развој и обезбедуваат значителни приходи во општинскиот буџет.

На средба со градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, се дискутираше за тековните и идните проекти поврзани со рударството и експлоатацијата на минерални суровини во регионот.

Министерката Божиновска и градоначалникот Костадиноски разговараа за важноста на одржливото управување со природните ресурси, почитувањето на еколошките стандарди и безбедносните протоколи при експлоатацијата. Исто така, беше истакната потребата од транспарентност и соработка меѓу локалната самоуправа и концесионерите, со цел максимизирање на бенефитите за заедницата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на поддршката на општините како Јегуновце, преку обезбедување на стручна помош и надзор во спроведувањето на законските обврски поврзани со рударството и експлоатацијата на минерални суровини.

Можеби ќе ве интересира

Убава вест за скенирачите на фискални: Познато е кога ќе тргне исплатата на повратот на данок преку Мој ДДВ

ДЕСК

Трипуновски нема да си поднесе оставка

ДЕСК

Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.