Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зголемени утрински температури во цела држава, максималната денеска до 12 степени

Денеска најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени 0 степени, 1 било во Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, 3 во Прилеп, Тетово и Крушево, 4 во Берово и Претор, 5 во Велес, Скопје-Петровец и Охрид, 6 во Штип, Кавадарци, Битола, Виница и Скопје-Зајчев Рид, 7 во Струмица, 8 во Демир Капија, 9 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 27 сантиметри на Попова Шапка.

Времето денеска

Претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне до 12 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК