Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан: Пресудата на Додик е лов на вештерки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик е „политички лов на вештерки“. Во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека пресудата е тажен пример за инструментализација на правниот систем.

„Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик е тажен пример за користење на правниот систем како оружје против демократски избран лидер. Ако сакаме да ја зачуваме стабилноста на Западен Балкан, ова не е вистинскиот пат!“, напиша Орбан.

Судот на БиХ го прогласи Додик за виновен за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ и го осуди на една година затворска казна и забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска во период од шест години, од денот на правосилноста на пресудата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ МЕЃУ НОРДИСКИТЕ ДРЖАВИ – Разговор со Путин отвори нова дипломатска расправа

ДЕСК

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС ВО БРАЗИЛ – Валутата падна за околу 9 проценти, берзата за 14 проценти по изборите

ДЕСК

ВАШИНГТОН СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ОПОЗИЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА – Рубио бара реформи пред нови избори

ДЕСК