Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Началникот на Генералштабот на Армијата во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, заедно со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, денес (27 февруари), остварија посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде се реализира заедничка обука на припадниците на Армијата и Вооружените сили на Обединетото Кралство.

Обуката е дел од 10-месечниот план за развој на интероперабилноста на армиската декларирана единица. Во последните пет години, 10 специјализирани тима за краткорочна обука од Обединетото Кралство, со вкупно 40 обучувачи, изведуваа обука во областа на урбаното војување, извидничките операции и радиокомуникациите.

Обуката, која се реализира во моментов, ќе овозможи правилна употреба на врските и зголемена ефикасност во користењето на тактиките и процедурите на армиите на сојузничките земји. Припадниците на лесните извидувачки единици од 2.пешадиски баталјон, кои се дел од оваа обука, воедно ќе бидат оспособени да ги пренесат стекнатите знаења и вештини во своите матични единици.

Пред показната вежба, во штипската касарна, беше реализирана и презентација на мисијата, задачите и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, тактичко-технички збор на новопримената опрема, возила и вооружување, како дел од процесот на модернизација и опремување на Армијата.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +