Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за трагедијата на патот Прилеп – Битола: Познат идентитетот на загинатиот

На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК