Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.

-На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и соработка меѓу двете земји кои се одвиваат во континуитет во областите од заемен интерес. Во овој контекст, беа разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план.

Соговорниците разговараа и за актуелните политички состојби во двете земји, како и нивната перспективата во процесот за интегрирање во Европската Унија при што се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите-членки.

Министерот ја потврди поддршката за европските и евроатлантските аспирации на БиХ, притоа потенцирајќи ја подготвеноста, за размена на искуства во оваа област, соопшти МНР.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК