Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛ БРЗ КРЕДИТ СО ТУЃИ ПОДАТОЦИ: Кривична пријава против 55-годишен скопјанец

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.А.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“, „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот, во периодот до 18.08.2022, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на лице од Гевгелија, телефонски ги прибирал, обработил и искористил неговите лични податоци и ги искористил при правење на лажна патна исправа.

Потоа, лажната исправа ја употребил во постапка да прибави кредит за себе од финансиско друштво од Скопје, односно на тој начин на финансиското друштво дал невистинити податоци за имотната состојба и други податоци кои биле значајни за добивање на кредитот. Со ваквите незаконски дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 90.000 денари, а причинил и дополнителна материјална штета во износ од 58.694 денари.