По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци и од Одделението за криминалистички работи Чаир на 14.06.2026 околу 16:00 часот на подрачјето на Мирковци лишиле од слобода 16-годишник од с.Блаце, скопско.
Имено, постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници на место викано „Вражји вир” на подрачје на Мирковци го затекнале малолетникот со моторна пила до него и исечени дрва. Екипа на Шумска полиција, исто така, излегла на местото и констатирала дека во парцела сопственост на Ч.Х. биле исечени 70 дабови стебла. Моторната пила и дрвата се одземени и за настанот е известен јавен обвинител.
Дрвата ќе бидат вратени на сопственикот на парцелата и против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.


