Centar.mk
СВЕТ

Силен земјотрес со јачина од 6 степени во Индонезија

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер денеска ја погоди северна Индонезија, соопшти Индонезиската метеоролошка агенција.

Не е издадено предупредување за цунами, а властите не пријавиле повредени или материјална штета.

Земјотресот се случи во 06:55 часот по локално време во близина на брегот на островот Сулавеси.

Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област со голема сеизмичка и вулканска активност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +