Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа

Украинските служби за итни случаи објавија фотографии од спасувачите на теренот по ноќниот руски напад врз Крукивашчина, предградие на Киев.

Како што соопштија украински официјални извори, во текот на ноќта руската војска лансирала 177 беспилотни летала во Украина, од кои украинските сили собориле 110. Во регионот на Киев едно лице загинало, две се повредени, а девет станбени згради биле оштетени.

Во Харков нападот предизвика пожар во деветкатница, при што беа повредени две лица. Во нападот беа оштетени универзитет, опера и станбена зграда. Во изминатите 24 часа најмалку три лица загинаа, а 26 се повредени во нападите на регионите Херсон и Донецк./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Потсмевањето на Трамп беше првата грешка на Европа

C +

Украина со најсилен напад со дронови досега – Русија тврди дека пресретнала 398 летала

C +

САД го зголемуваат производството на оружје поради војната на Блискиот Исток

C +