Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нејасно е со која цел се посетите на Мицкоски и што може да се очекува од нив, вели Филипче

Што се однесува до интензивните посети на владините претставници во САД, СДСМ ги поздравува овие напори за продлабочување на стратешкото партнерство со САД, останува нејасно, со која цел се овие посети и што државата може да очекува како исход од ни, рече денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче.

„Освен флоскули како „ние сме први во редот“ и „ова е новото нормално“ засега не е јасно што Владата побарала и очекува од новата администрација во САД. СДСМ јасно посочи дека е потребно конкретно формализирање на овие напори и нивно преточување во јасни барања кои ќе носат напредок на државата на меѓународен план. Искуството од овие девет месеци со Владата на ВМРО-ДПМНЕ е дека многу зборува, а не покажува конректни резултати. Многу не разбирале и сме имале поддршка, но никој се уште не слушна каква е таа поддршка и што тоа значи во остварување на целите и интересите на граѓаните“ порача Филипче.

Тој додаде дека Северна Македонија заслужува стабилна, предвидлива и принципиелна надворешна политика и заслужува дипломатија што гради доверба, а не што ја руши.

„Македонија заслужува јасна визија за своето место во светот. СДСМ останува посветен на европската иднина, на силните сојузништва и на надворешна политика која е доследна, кредибилна и во интерес на граѓаните“ порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК