26. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Македонската економија оди во погрешна насока, денес на едно семејство му требаат три минимални плати да преживее, а во време на СДСМ доволни беа две

Македонската економија се движи во погрешна насока, наместо напредок, сведоци сме на продлабочување на кризата, неконтролирано трошење, пад на инвестициите и намалување на животниот стандард, порача денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој направи споредба на капиталните инвестиции и трошоците за живот на граѓаните.

„Во првите два месеци од 2025 година, реализацијата на капиталните инвестиции е само 2,43%. За споредба, во истиот период минатата година биле реализирани 12,1%, Сега, инвестициите во инфраструктура и економски развој се целосно запрени. Без капитални инвестиции, нема економски раст. Владата очигледно нема капацитет да исполни ниту едно ветување за модернизација и развој, иако ова им беше една од главните пораки. Трошоците на живот во јануари 2025 се зголемени за 4,9%, а индексот на цени на мало пораснал за 5,2%. Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари. За да преживее едно семејство, денес му се потребни речиси три минимални плати. Пазете, во време на СДСМ беа потребни две минимални плати, рече Филипче додавајќи дека Владата не презема никакви мерки, а истовремено е премногу суетна да прифати каква било мерка предложена од СДСМ.

„Ако утре, почитувани граѓани, ви се високи сметките, тоа е затоа што Владата едноставно нема желба и намера да го реши тој проблем, а решенијата и се дадени на маса“ порача Филипче.