Centar.mk
РЕГИОН

Додик се огласи по пресудата

Милорад Додик, по пресудата, со која беше прогласен за виновен, изјави дека нема причина за загриженост.

„Мора да бидеме весели. Една година сум осуден на нивните с****, на нивниот затвор. Тие велат дека сум виновен, а сега луѓето тука ќе објаснуваат зошто не сум виновен“, рече Додик пред Народното собрание во Бања Лука.

„Значи, нема причина за грижа, научив да се справувам со потешки работи, па ќе го надминеме и ова. Важно ми е да сте тука и да ме поддржувате“, рече Додик.

Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

C +

Поплави во Херцеговина: куќи под вода, нивото на реките продолжува да се зголемува

C +

Снегот во Сараево сруши дрво врз жена: од повредите почина

C +