Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Чупеска за Рацин: „Така одлучивме“ е инфантилно и суштински неодговорно

Загрижувачки и, во најмала рака ризични се последните чекори на Владата во контекст на нејзиното дејствување во рамките на ОН, вели потпретседатлката на СДСМ, Ана Чупеска, во изјава за Рацин.мк.

„Овој ризик, посебно е врзан за фактичкиот вакум кои во моментов постои долж линијата САД, ЕУ, и Македонија помеѓу. Овој вакум е предизвикан од овјективни причини кои имаат свој локус во актуелниот меѓународен момент. Нашата дипломатија мораше да биде свесна за ова“, укажува Чупеска.

Ние, вели Чупеска, како членка на НАТО, со усогласена Заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ, и со отворени преговори со Унијата, имаме наш сопствен меѓународен интерес и стратешки пат, а сме во стратешко партнерство со САД.

„Тој пат досега никогаш не изискувал фаворизирање на едното или на друго. Напротив, националниот интерес секогаш се лоцирал долж евро-евроатланската перспектива и во статешко партнерство со САД. Истовремено и без исклучок“, посочува Чупеска.

За неа последните случувања, ни даваат за право да бидеме не малку, туку многу загрижени, за вака етаблираната неконзитенција во надворешната политика, т.е. за едно неодговорно делување, кое, според Чупеска, може да предизвика несогледливи последици по нас.

Чупеска предупредува и на проблемот што актуелната Влада демострира, арогантно самоволие, без никакво образложение за донесувањето на одлуката:

„Простете, но, неприфатлив е ставот ‘Така одлучивме’, како што рече премиерот. Тоа е надворешно политички волунтеризам, без да се консолидира сеопфатен став.
За Чупеска, како потпретседател на СДСМ, партијата има јасен став, дека ние како мала земја мора да бидеме максимално внимателни и уште поважна, конзистенти во нашата надворешна политика.

„Сѐ останато е на ниво на инфантилност и суштински неодговорно, односно недржавничко“, оцени за Рацин.мк Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК