Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Во Колумбија фатен шверцер на кокаин, ја криел дрогата под перика

40-годишен колумбиски државјанин пред пет дена бил фатен во обид да прошверцува дрога скриена под перика додека се качувал на лет од Картагена за Амстердам.

Периката содржела 19 капсули кокаин, а пратката се проценува дека вреди повеќе од 10.000 евра, соопштија властите.

Осомничениот е приведен и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело трговија, производство и држење наркотици.

„Задаваме силни удари на криминалните структури кои, покрај трговијата со дрога, се и генератори на разни насилни акти и други видови злосторства кои го уништуваат мирот и соживотот на заедницата“, изјави командантот на полицијата во Картагена, Гелвер Јецид Пења Араке./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена силна бура

C +

Кина и САД се сретнаа на Хаваи: сакаат да го намалат ризикот од воен конфликт

C +

Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун

C +