Centar.mk
РЕГИОН

Силен земјотрес ја погоди Хрватска, делови од град останаа без струја

Земјотрес од 4,0 степени во Банија, Хрватска, јавуваат медиумите од таму.

Медиумите уште пишуваат дека Сисак е без струја. Дел од градот остана без струја.

„Денеска, 25 февруари 2025 година, во 12:52 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес со епицентар во близина на Табориште, на 3 километри југоисточно од ПетрињаЌ соопшти Сеизмолошката служба.

Претходните проценки на EMSC се движеа од 4,5 до 3,3 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван во 12:52 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Сисак.

Можеби ќе ве интересира

Убиен е 19-годишен доставувач на храна во Хрватска

C +

Црногорка од крузерот со хантавирус, префрлена во карантин

C +

Пукање во кафуле во Хрватска: го убил шефот на крим полицијата, па се застрелал себеси

C +