Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Поддршка и солидарност за украинскиот народ

-Денеска на точно три години од почетокот на неиспровоцираната руска агресија врз Украина, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува искрена поддршка и солидарност кон украинскиот народ во неговата херојска борба за слобода, демократија и суверенитет, соопши СДСМ.

„Храброста, достоинството и отпорот на украинските граѓани се пример за целиот свет дека слободата и демократските вредности секогаш ќе надвладеат над агресијата и насилството.

СДСМ ги поздравува напорите на меѓународната заедница, особено САД и Европската Унија, кои цврсто стоеја сите изминати три години покрај Украина и ја поддржуваа во нејзината праведна борба. Изразуваме надеж и уверување дека оваа поддршка ќе продолжи се додека мирот, територијалниот интегритет и безбедноста на Украина не бидат целосно обезбедени.

СДСМ дава целосна поддршка на Украина и нејзините граѓани. Нивната борба е наша заедничка борба за свет во кој владеат мирот, демократијата и човековите права.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК