Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петровска: Како демократски општества не смееме да ја оставиме Украина сама

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денес присуствуваше во Делегацијата на ЕУ, во Скопје, каде имаше свој говор, и каде втора година по ред, се одржува настан во сеќавање на 24 февруари, кога во 2022 година, почна руската инвазија врз Украина.

-Како демократски општества не можеме и не смееме да ја оставиме Украина сама. И тогаш и денес, ќе бидам гласна во повикот дека поддршката и помошта која ја даваме на Украина мора да биде повидлива и пореална. Затоа што не смееме да заборавиме дека и тогаш и сега, Украина е живиот штит на Европа, рече Петровска, во својот говор.

Република Северна Македонија помина низ тешки политички и економски предизвици, па дури и безбедносни и затоа длабоко ја разбираме важноста на меѓународната солидарност и поддршка, потенцираше Петровска.

-Лично јас, верувам и сите ние, ги поддржуваме сите дипломатски напори кои имаат за цел постигнување на праведен и траен мир – мир што ќе биде во согласност со меѓународното право и волјата на украинскиот народ. Иднината на Украина е иднина на Европа. Наша заедничка одговорност е да обезбедиме сигурност и одржливост на одлуките кои ќе бидат донесени, рече во својот говор, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Таа се осврна и на прашањето кое деновиве се поставува, а тоа е: дали Путин победува.

-Тоа не е затоа што му е грижа за илјадниците загинати од двете страни, туку затоа што знае дека војната е изгубена. Она што требаше да биде 48 часовна инвазија и освојување на Киев, се претвори во 3 годишен отпор, решителност, храброст и одлучност. Затоа нашата поддршка за Украина не смее да престане, и сите ние заедно мора да останеме со Украина до крај. Затоа што денес, Украина не само што се брани од агресијата, туку се бори и за принципите врз кои почива мирот во Европа, рече Петровска.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ МЕРКИ – Пакетот опфаќа компании и лица поврзани со руската воена индустрија

ДЕСК

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК