Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од вечерните часови и преку ноќта во планинските региони ќе има услови за слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Времето во наредните денови

Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +