„Свесно бев еден од луѓето внатре во партијата каде што имаше долги дебати и аргументирав зошто треба да се прекине соработката со Груевски и треба да се почнат разговорите со Заев. Стратешки тоа беше добра одлука и за граѓаните и за ДУИ но и за државата бидејќи со новите политики Македонија стана член на НАТО што мислам дека дава друга димензија на настаните“ вели првиот вицепремиер Изет Меџити во интервју за „Рацин.мк“.
Тој додава дека јавно се борел за тоа ДУИ во 2017 година да го напушти ВМРО-ДПМНЕ и да започне преговори со СДСМ и вели дека тој ги водел преговорите за формирање на владата.
Тој додава дека сепак одредени членови на ДУИ, како Ахмети и Груби сепак ги држеле контактите со ВМРО-ДПМНЕ и продолжиле да соработуваат со нив.
„Испаднаа на површина дека тие ги држеле тие контакти, соработувале и понатаму како што се случи да Артан Груби биде внесен во Црна Листа заради влијание во судството заради Мијалков, бизнисите, па мислам дека и менторството во однос на казино бизнисот и брзите кредити. Јасно е видливо дека Груевски, Ахмети, Мијалков, Груби цело време биле заедно“ вели Меџити.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...