Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Ако грбот потекнува од комунизмот, тогаш и химната потекнува од тогаш

„Ако се работи за грбот дека потекнува од времето на комунизмот и химната потекнува од тогаш, лебди и прашањето за албанскиот јазик“ изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во интервју за „Рацин.мк“.

Тој додаде дека јавна тајна е дека Груевски и Ахмети имале писмен договор за промена на грбот на државата и дека сега владините партнери разговараат за тоа, но дека немаат политички договор.

Сепак, Меџити вели дека мора да се разговара и за менување на терминот „20%“ од Уставот.

„Сите знаат дека се над 20% граѓаните што го зборуваат албанскиот јазик и мислам дека треба и поголемата заедница, односно Македонците да работат на ова да не се чувствуваат Албанците понижени и да се идентификуваат со бројка за нивниот јазик, туку да стои во Уставот дека се работи за албанскиот јазик на републичко ниво, како што на локално ниво може да се работи за турскиот, српскиот и другите јазици. Мислам дека од тоа никој ништо не губи“ вели Меџити.

Тој исто така додава и внесувањето на Бугарите во Уставот може да биде дел од тој пакет, истакнувајќи дека за тоа никој нема ништо против.

 

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК