Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Њујорк Пост“ до Трамп: Ова е диктатор

На насловната страница на вчерашното издание на „Њујорк пост“ беше објавена фотографија од рускиот претседател Владимир Путин со натпис: „ОВА Е ДИКТАТОР и 10 други вистини за украинската војна кои ги игнорираме на сопствена опасност“.

Ова се 10-те вистини на кои се мисли:
Путин ја започна војната.
Русија се бори за освојување.
Украина се бори за своја независност.
Украинците не се Руси.
Путин е диктатор.
Зеленски не е диктатор.
Русија не е пријател на САД.
Украина е пријател на САД.
На Путин не може да му се верува.
Американската помош за Украина не е залудно потрошена.

Насловот беше објавен откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „диктатор“ претходно оваа недела. Во исто време, Трамп никогаш не го нарече Путин „диктатор“.

Интересно е што „Њујорк пост“ е конзервативен дневен таблоид кој најмногу пишува афирмативно за Трамп. За време на подемот и владеењето на Трамп, таблоидот често ја промовираше неговата политика, а истовремено ги напаѓаше демократите и либералните медиуми.

Иако во одредени случаи има критички коментари за конкретни одлуки или контроверзни настани, уредничкиот тон најмногу ги поддржува ставовите на Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК