22. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мора да има одговороност за хаосот, ПЕТ скенерот не работи-онколошите пациенти се во агонија

Интегрален текст од денешната прес-конференција на д-р Душанка Георигиева Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ:

Со месеци сме сведоци на незапаметен хаос во македонското јавно здравство – хаос што не е само бројка, не е само статистика.

Тоа се човечки судбини, животи доведени во опасност поради неспособноста на Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ!

Најтешко е за оние кои немаат време да чекаат – онколошките пациенти. Луѓето кои се борат за својот живот сега се принудени да водат уште една битка, битка со системот што треба да ги заштити.

Нема лекови, нема соодветни услови, чекањата се бесконечни, нема доволно лекари. Голготата на онколошките пациенти не запира, а институциите молчат!

Прво немаше биолошка терапија на Клиниката за онкологија, а сега, цели еден месец, не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер!

Ова не е само неспособност – ова е директен напад врз здравјето и животот на стотици пациенти низ целата земја.

Власта бездушно ги остава без неопходната медицинска услуга, додека министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност да го управуваат здравствениот систем.

Но, цената за нивниот неуспех ја плаќаат граѓаните – луѓето кои сега се препуштени сами на себе!

Ова мора да запре! СДСМ бара итна одговорност – од директорката Невена Маневска, од министерот за здравство Арбен Таравари, од сите кои дозволија оваа катастрофа да се случи!

Министерството за здравство веднаш мора да ја стави во функција неопходната дијагностичка апаратура! Ова не е политика, ова е живот! Граѓаните не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт!