Centar.mk
БИЗНИС

Американски мултимилијардер планира да го купи „Тик-ток“, нуди астрономска бројка

Реид Раснер, 40-годишен бизнисмен кој неодамна се кандидираше за американскиот Сенат против сенаторот Џон Барасо, моментално води медиумска компанија која се обидува да стекне контролен удел во апликацијата Тик-Ток и нејзините операции.

Според достапните информации, адвокатот на Раснер испратил понуда до кинеските сопственици на Тик-Ток,, ByteDance. Во писмото, потпишано од адвокатот Стив Робертс од Rasner Media, се вели: „Со преместување на операциите на Tик-Ток,во Вајоминг, Реид ќе воведе нова ера на економска диверзификација, создавајќи илјадници добро платени работни места кои ќе имаат корист не само за технолошкиот сектор, туку и за енергетскиот, земјоделството и туризмот во Вајоминг“.

„Сакам Вајоминг да остане национален лидер“

„Оваа иницијатива ќе привлече висококвалификувани работници, иновативни технологии и нови можности за инвестирање, зајакнување на економијата и обезбедување на Вајоминг да остане национален лидер во повеќе сектори“, продолжува тој.

Раснер, основач на финансиската фирма Omnivest и поранешен сопственик на Wyoming Glass, во својата понуда нагласува дека државата Вајоминг има „изобилство чисти, евтини извори на енергија“ кои би можеле да ги напојуваат операциите на TikTok./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дали знаете како е да живеете во страв за парчето леб? 10.000 работници од игрите на среќа порачаа дека нема да бидат жртви на политички игри

ДЕСК

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

ДЕСК

Во март 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари

ДЕСК