Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Минусни температури во целата држава, најстудено во Берово, каде што се измерени -14 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -14 степени, -13 било на Попова Шапка и Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија, -8 во Струмица, Виница, Претор и Кавадарци, -6 во Охрид, -4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 32 сантиметри на Попова Шапка, 8 во Маврови Анови и 1 во Крушево.

Времето денеска

Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК