Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот Тошковски во посета на Секторот за прекршоци кој ќе биде дел од системот „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (20.02.2025) го посети Одделот за прекршоци на МВР кој ги процесира и реализира сите прекршочни пријави кои се во надлежност на министерството.
Целта на посетата беше да се запознае со тековната работа на одделот и конкретните предизвици и проблемите со кои се справуваат во одделот со цел унапредување на процесите и нивната ефикасност.

„Подобрување на ефикасноста на сите процеси во Министерството е еден од нашите главни приоритети со цел да понудиме на граѓаните институција која се грижи за нивната безбедност и испорачува брзи и ефикасни услуги во сите сегменти на работењето. Во следниот период планираме преку квалитетна реорганизација на Одделот за прекршоци да го унапредиме неговиот капацитет за да одговори и на потребите на проектот „Безбеден град“. Овој проект ќе биде нова ера, нова страница во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот, а Одделот за прекршоци ќе биде составен дел на целокупниот систем.“, истакна министерот Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК