Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Николоски: Македонија со историски раст од над 1 милијарда евра на странските инвестиции

За прв пат Македонија надмина над 1 милијарда евра директни странски инвестиции и очекувам овој тренд на зголемување да продолжи и оваа година, истакна вицепремиерот Александар Николоски денеска од Охрид.

“Можам со гордост да кажам од она што ги имаме како бројки од Заводот за статистика, минатата година ќе биде рекордна година по привлекување на странски инветстиции во смисла на вредност на истите. Ќе надминеме за прв пат во историјата на Македонија преку 1 милијарда евра, а оваа година очекувам истиот тренд да продолжи. Тоа не значи само нови инвеститори, тоа значи и зголемување на капацитетите на постојните инвеститори како на пример зголемувањето на капацитетот на компанијата Костал и тоа е нешто што ќе продолжиме да го стимулираме како Влада” – истакна вицепремиерот Николоски.

Во рамките на глобалниот настан за добавувачи што се организира во Охрид во рамки на Групацијата Костал, вицепремиерот Николоски истакна дека многу домашни мали и средни компании можат да се вклучат во ланецот на добавување што ќе значи проширување на нивниот капацитет, отворање на нови работни места и раст на севкупната економија.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК