Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кај пациент извршена трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри: „Дарувањето органи е највисока форма на човекољубие и хуманост“

Кај 69-годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псевдоартроза, објави Министерство за здравство.

„Пациентот е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализантот по анестезија д-р Ерхан Салкоски, инструментарка Татјана Дукадиновска, помошник-инструментаркаѕа Билјана Троановиќ, сестрата анестетичар Мерита Рамадами, болничарот Дардан Сељмани и радиолошкиот техничар Крешник Шеху“, напишаа од Министерството во објава на „Фејсбук“.

„Изразувам благодарност и почит до сите здравствени работници вклучени во процесите на трансплантација. Дарувањето органи е највисока форма на човекољубие и хуманост во моменти на лична и семејна загуба. Самиот чин на дарување да се спасат неколку други животи или да се подобри квалитетот на животот кога семејството е во голема болка од загубата секогаш ме остава без здив од нивната хуманост и величина“, вели проф. д-р Билјана Кузмановска./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

145 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ ЗА НЕПРОПИСНО ПРЕСТИГНУВАЊЕ – Полицијата открила уште 271 сообраќаен прекршок

ДЕСК

20 ГОДИНИ АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ – Денеска свеченост со претставници на правосудството и ЕУ

ДЕСК

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА – На 17 ноември 1991 година беа поставени темелите на државното уредување

ДЕСК