Centar.mk
РЕГИОН

Снегот направи хаос во Србија: сообраќајните незгоди создаваат километарски сообраќаен метеж

Снегот во делови од Србија предизвика хаос на патиштата. Сообраќајот се одвива отежнато, а во текот на ноќта и претпладнето се евидентирани повеќе сообраќајни несреќи.

Најкритична е состојбата во моментов во Полимската Котлина и во Нова Варош, каде поради преостанатиот снег на коловозот, сообраќајот на оваа делница се одвива многу отежнато и многу бавно, а во моментов се формираат километарски редици.

Според Јавното претпријатие „Патишта Србија“, поради неповолните временски услови, сообраќајот за товарни возила на таа делница од патот е во прекин.

Поради врнежи од снег и лизгави површини, МВР апелира до сите возачи да возат со посебна грижа и да ги почитуваат правилата.

Од ЈП „Патишта Србија“ известуваат дека поради снег сообраќајот се одвива отежнато и на патниот правец Бистрица – Борова Глава.

„Поради неповолни временски услови, во сила е прекин на сообраќајот за товарните возила. Ги советуваме сите учесници во сообраќајот, заради сопствена безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните прописи и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот“, се вели во соопштението на Јавното претпријатие „Патишта на Србија“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Грција ослободува резерви: 2 милиони барели за стабилизација на пазарот

C +

Земјотрес ја погоди Грција: 4,6 степени

C +

Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија

C +