Centar.mk
ЛОКАЛНО

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 150 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.02. до 16.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 150 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Можеби ќе ве интересира

ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЈ ВО ЧАИР ВО САБОТА – Возачите навреме да ги отстранат автомобилите

ДЕСК

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови

ДЕСК

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ БЕЗ ВОДА – Планирани интервенции во Автокоманда и Карпош

ДЕСК