Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Струмичанец загина во сообраќајка, се судрил со камион управуван од Украинец

-Вчера околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина. На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“, соопшти МВР.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК