Centar.mk
ЛОКАЛНО

Со механизација измиени улиците во населбите Пролет и Маџир Маало, хигиената на прво место

Општина Центар информира дека вчера се спроведе акција за чистење и миење на улиците во населбите Пролет и Маџир маало, како дел од големата кампања „Центар не чека, Центар чисти“. Градоначалникот Горан Герасимовски, потенцира дека оваа кампања има за цел да ја подобри чистотата на јавните површини во Центар, да ја зголеми еколошката свест и да ги одржува улиците на повисоко ниво на хигиена, откако Град Скопје пред три недели потфрли.

„Одржувањето на хигиената во Центар е од голема важност за општината. Вчера, со механизација ги миевме улиците во населбите Пролет и Маџир Маало, а исто така, спроведовме и акција за чистење и уредување на школскиот двор во училиштето „Коле Неделковски“, којашто ја реализиравме со учениците, наставниците и родителите. Како општина, продолжуваме да се грижиме за нашата околина, чист Центар е наша заедничка одговорност“, истакнува Герасимовски.

Акцијата продолжува и во наредните денови, со чистење на другите делови од општината, со цел обезбедување почист и поуредуван Центар за сите негови жители и посетители.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Објавени најновите резултати од контролата на водата за пиење

ДЕСК

Ветувањето исполнето – Македонска општина им ја зголеми помошта на 5000 денари на пензионерите

ДЕСК

Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

ДЕСК