Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди

Изгоре магацин за производство на полиестер во општина Врапчиште.

Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен.

Итната медицинска помош од Гостивар извести дека еден пожарникар паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарникарите од Гостивар излегле на терен 45 минути по полноќ.

Противпожарните возила интервенирале во текот на целата ноќ, а им се приклучиле и колегите од Тетово. Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сеуште има жар и чад поради што пожарната од Гостивар се’ уште се на терен.

Засега нема информации што го разгорело пожарот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

ДЕСК

ДОАЃА СНЕГ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Метеоролозите најавуваат драстична промена на времето – објавена е четиридневната прогноза

ДЕСК

НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Ќе се забрани пушење по кафулиња, ресторани, но и во вашиот автомобил – електронските цигари на исто ниво со нормалните

ДЕСК