Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц: Нема да дозволиме да и’ се наметне мир на Украина, ниту одвојување на европската и американската безбедност

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се обрати на Минхенската безбедносна конференција, при што ја истакна важноста од зачувување на европската и американската безбедносна соработка.

„Нема да прифатиме никакво решение што би довело до одвојување на европската и американската безбедност. Од тоа би имал корист само претседателот Путин“, рече Шолц.

Тој додаде дека Европа ќе дејствува одлучно и обединето на претстојните преговори.

Шолц истакна дека мирот во Украина може да биде траен само доколку се гарантира украинскиот суверенитет.

„Ќе има мир само ако се обезбеди украинскиот суверенитет. Наметнатиот мир никогаш нема да ја добие нашата поддршка“, рече тој.

Зборувајќи за идната безбедност, Шолц нагласи дека сојузниците на Киев мора да помогнат во зајакнувањето на украинските вооружени сили за да се спречат нови руски напади.

„Во повоени времиња, Европа, САД и меѓународните партнери ќе имаат одговорност да го обезбедат тоа. Сите безбедносни гаранции мора да се засноваат на ова“, додаде Шолц.

Шолц се осврна и на зајакнувањето на европската одбранбена индустрија, притоа нагласувајќи дека Германија нема да се откаже од трансатлантската воена соработка.

„Ќе продолжиме да купуваме американска воена опрема, иако градиме силна европска одбранбена индустрија“, рече тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Постои голема омраза меѓу Путин и Зеленски

C +

Германскииот министер за одбрана: Путин е единствениот кој може брзо да ја запре војната

C +

Терористички напад во Пакистан, најмалку пет мртви

C +