Centar.mk
СВЕТ

САД испратиле документ до секоја земја-членка на ЕУ, има шест прашања за Украина, тврдат европски извори

Соединетите Држави побараа од европските земји да предложат какви безбедносни гаранции можат да придонесат за Украина, изјавија четири европски извори.

Изворите рекоа дека САД испратиле документ во кој се поставуваат прашања за можните придонеси од војниците, додека два извори велат дека документот бил испратен претходно оваа недела.

„Фајненшл тајмс“ најпрвин објави дека Вашингтон побарал од европските сојузници информации за оружјето, мировните сили и безбедносните ангажмани за Украина.

„Планот очигледно е да се види како европските сојузници гледаат на можната рамка за преговори за ставање крај на конфликтот и можно ангажирање на Европа и САД“, изјави европски дипломат запознаен со документот.

Документот вклучува шест прашања за сите членки на ЕУ, од кои едно се однесува конкретно за членката што го прима документот, рече дипломатот.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно денеска повика на создавање на европска армија, велејќи дека континентот повеќе не може да се потпира на заштитата на САД.

„Американците посегнуваат до европските земји и прашуваат колку војници се подготвени да испратат“, рече трет дипломат.

Американскиот Стејт департмент се уште не одговорил на барањето за коментар./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК

Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“

ДЕСК

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

ДЕСК