Centar.mk
СВЕТ

Макрон: Само Зеленски може да преговара во име на својата земја

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да преговара во име на неговата земја, предупредувајќи дека дозволувањето „мир кој е капитулација“ би била „лоша вест за сите“, вклучително и за Соединетите држави, објави Фајненшл тајмс.

„Единственото прашање во оваа фаза е дали претседателот Путин е искрено, одржливо и веродостојно подготвен да се согласи на прекин на огнот на оваа основа. После тоа, на Украинците им останува да преговараат со Русија“, рече Макрон во интервју за весник во Елисејската палата.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Украина ќе биде вклучена во мировните преговори со Русија, иако Киев рече дека би било прерано да се разговара со Москва на безбедносна конференција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шефот на НАТО: Ќе направиме сè што е потребно за одбрана на Турција

C +

Советниците на Трамп веруваат дека Иран не ги продолжува преговорите поради поделба во врвот на власта

C +

„Политико“: Маѓар сака да го врати Австроунгарското царство на европската мапа

C +