Centar.mk
фото Centar.mk (c) /Илустрација
МАКЕДОНИЈА

Илиевски: Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски

-Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води, рече во одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

-СДСМ, додека беше на власт, успеваше да донесе мерки кои ја контролираа ценовната криза без да дозволи отпуштања. Зошто? Затоа што се боревме за интересите на граѓаните, но и за стабилноста на пазарот.

Граѓаните веќе плаќаат цена за неспособноста на Мицкоски. Затоа им порачуваме да ги прифатат овие решенија како пакет мерки кои се во интерес на граѓаните и стопанството, рече Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК