Centar.mk
СВЕТ

Авион принудно слета по тепачка на четворица патници

Поради расправија меѓу четворица патници, турски авион на релација Анталија-Астана принудно слета во Ерзурум.

И покрај напорите на стјуардесите на авиокомпанијата „Пегасус“ да ги смират патниците кои започнале расправија, конфликтот прераснал во тепачка, објави турскиот портал „Созџу“.

Пар од Украина и двајца патници од Казахстан се скарале само неколку минути по полетувањето на авионот, а причината за конфликтот се уште не е позната.

И покрај напорите на стјуардесите на авиокомпанијата „Пегасус“ да ги смират патниците кои започнале расправија, конфликтот прераснал во тепачка, објави турскиот портал „Созџу“.

По инцидентот, за да ја осигураат безбедноста на останатите патници во авионот, надлежните ја однеле раскараната четворка во полициска станица да дадат изјави.

На приведените патници им биле извршени лекарски прегледи во Градската болница во Ерзурум и Универзитетската истражувачка болница Ататурк.

По инцидентот, авионот чекал околу еден час на аеродромот во Ерзурум и откако ги евакуирал патниците, повторно полетал и го продолжил летот за Астана./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руската нафта може да тече: Америка нема да му прави проблеми на Орбан во снабдувањето со руска нафта и покрај санкциите

ДЕСК

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

C +

Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил

C +

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.