Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ предлага поевтин „зелен картон“, меѓу 9 и 11 милиони евра ќе се вратат кај граѓаните

Во време кога животниот стандард на граѓаните е загрозен поради погрешните економски политики на Владата, СДСМ како одговорна опозиција подготви и ќе предложи сеопфатна економска стратегија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот брифинг со претставниците на медиумите.

Филипче предложи сет од седум мерки, кои како што кажа веќе се преточени во законски измени.

Една од мерките е намалување на цената на „зелениот картон“ за моторните возила.

„Предлагаме намалување на цената на „зелениот картон” за автомобили. Семејствата и малите бизниси кои зависат од транспортот, со ова директно добиваат намалување на трошоците. Фискален ефект ќе изнесува меѓу 9 и 11 милиони евра годишно пари назад кај граѓаните”, рече Филипче.

Тој додаде дека Владата не презема ништо и нема никаква стратегија за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +