Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Да се зголемат платите во приватниот сектор, а придонесите да бидат замрзнати, предлага СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска излезе со предлог од неколку мерки, кој според него треба да го унапредат животниот стандард на граѓаните, во време на зголемени трошоци.

Меѓу мерките на СДСМ е и зголемување на платите во приватниот сектор, но во истовремено без да се зголемуваат придонесите.

„Предлагаме зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Во следниот период во приватниот сектор со цел да има зголемување на платите треба на компаниите да им се олесни системот и да не плаќаат дополнителна одредена сума за придонеси, значи да остане замрзната на онаа плата којашто е сега, а сето останато зголемување кое може да биде од 3.000 до 15.000 денари да оди директно кај работниците, при тоа работодавачите да не плаќаат придонеси на таа дополнителна сума на средства” рече Филипче.

Оваа, но и другите мерки, според Филипче ќе значат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните и ќе делуваат како силна финансиска инјекција, при што ќе го стопираат економскиот пад кој се случува.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – Можно е убаво изненадување

ДЕСК

Кога фрижидерот покажува повеќе од статистиката: Како навистина живее едно семејство

ДЕСК

Како да не ви „истече“ платата во првата недела: Пет навики што го празнат буџетот

ДЕСК