Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Запленети над 150 килограми марихуана, прекинат меѓународен транспорт на дрога

-Во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници, спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана. При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации товарното возило влегло од Косово, кое преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција, соопшти МВР.

-Оваа успешна акција е резултат на одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи Царинската управа, и претставува потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства за што во ноември 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка, информира полицијата.

Истрагата продолжува со цел утврдување на сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни детали од случајот.

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК